3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКраткиот филм „Борба за смрт“ на фестивалот во Измир ја освои наградата...

Краткиот филм „Борба за смрт“ на фестивалот во Измир ја освои наградата Златна мачка

film-staro-696x328

Македонскиот краткометражен филм „Борба за смрт„ по сценарио и во режија на Елеонора Венинова ја доби наградата за најдобар филм во меѓународна конкуренција на филмскиот фестивал за краток филм во турскиот град Измир.

„Публиката одлично реагираше на филмот. Она што ги плени е едноставноста на приказната, хуморот, но и апсурдноста на самата ситуација со која се поистоветуваат гледачите од различни земји и култури, изјави продуцентот на филмот“, Гоце Кралевски, кој ја прими наградата во Измир.

Во филмот кој претставува парадоксална драма двајца старци се расправаат околу последното гробно место во едно напуштено македонско село. Филмот е снимен минатото лето во мариовското село Кален.

Досега е прикажан на дваесетина фестивали низ светот, а е селектиран и во официјалната конкуренција на уште три- во Шпанија, Колумбија и во Индија. Главните улоги ги играат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е снимен во продукција на „ДНФ филмс“ и поддржан од Агенцијата за филм на РМ и од телевизијата Канал 5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП