17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Елиза на единаесет години“ од Дојна Рушти на книжевниот...

Промоција на романот „Елиза на единаесет години“ од Дојна Рушти на книжевниот фестивал Букстар

doina-rusti

Во вторникот вечерта во Уметничката галерија „Јавна соба“ гостуваше романската писателка Дојна Рушти на настанот на кој беше промовиран нејзиниот роман „Елиза на единаесет години“.

Романот кој е преведен на македонски јазик, издание на „Антолог“ е промовиран во рамките на фестивалот на европската книжевност Букстар BookStar , а за истиот на промоцијата говореше писателот и литературен критичар Ермис Лафазановски.

Романот е добитник на наградата „Јон Креанги“ на Романската академија во 2009 година и во моментов според него се снима филм.

Дојна Рушти (1957) е едно од најпознатите литературни пера на Романија и автор на осум книги и повеќе раскази, поместени во разни антологии. Авторката е преведувана на десет јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП