23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМинистерство за култура: ЗАМП не е над законите

Министерство за култура: ЗАМП не е над законите

min-kultura

Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика е донесено во јасна и дефинирана постапка и истото решение е целосно законски основано. Правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд, а не ЗАМП, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

„Постапувањето, односно непостапувањето на ЗАМП по донесен акт од надлежен државен орган, односно од Министерството за култура е негов избор и негова законска одговорност. Министерството за култура како и досега така и во иднина согласно своите надлежности ќе работи во интерес на македонските автори, а и ЗАМП е должен и има законска обврска да го стори истото“, се вели во реакцијата.

Според Министерството за култура, денешните наводи кои ЗАПМ ги изнел во јавноста се груби лаги, невистини и паушалности проследени со целосно непознавање на законските прописи од областа на авторското право.

, па во таа смисла спротивно на тврдењата на ЗАМП во кои беше посочено дека Министерството за култура, Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика не го доставило до надлежниот суд, потврдуваме дека истиот ден на доставување на решението до ЗАМП, паралелно поведена е и постапка пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот. Република Македонија е правна држава и во таа смисла никој не е над законите, ниту било која институција, ниту поединец, ниту ЗАПМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП