8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEвропа треба итно да го поправи банкарскиот сектор

Eвропа треба итно да го поправи банкарскиот сектор

banking-jobs

Европа треба итно да го поправи банкарскиот систем кој натежнува на економскиот раст. Владите велат дека разбираат, но се уште не ја прифаќаат оваа задача сериозно, пишува во уредничкиот коментар на „Bloomberg“.

Проблемот се глобалните стандарди за капиталот – фундамент на финансирањето, кој им овозможува на банките да се справат со загубите, без да банкротираат. Недостатокот на капитал во 2008-ма година беа финансиските проблеми кои се претворија во голема криза. Регулаторите се согласија за построги капитални стандарди во 2010-та година. Денес Базелскиот комитет за банкарска супервизија кој вклучува регулатори од целиот свет, сака да ги заостри правилата и европските влади не се задоволни од тоа.

Најтешко при регулирањето на капиталот е одредувањето на ризикот, бидејќи колку повеќе ризични се банкарските инвестиции, толку повеќе капитал е потребен за доверителот. Меѓу банките има несогласувања за тоа како да ги оценуваат ризиците: кога ќе им се претстави ист сет на средства, тие имаат различни одговори. Искушението да се потценува ризикот што би им овозможило да се добие од капиталот, секогаш постои.

Затоа регулаторите сакаат да им дадат на банките помалку слобода на акција, кога ги донесуваат овие одлуки. Идеите вклучуваат поврзаност со т.н. ризични тежини кои банките ги применуваат на своите средства. Друг предлог вклучува стандардизиран метод за одредување на оперативниот ризик, односно на можноста да има законски проблеми, како оние на „Deutsche Bank“ на пример. Целта е вакви промени да стапат во сила до крајот на годината.

Овие перспективи предизвикаа стравувања во Европа, каде што се базирани едни од најголемите и најслабо капитализираните финансиски институции во светот. Извршните директори тврдат дека промените доаѓаат во време кога банките веќе имаат потешкотии да запишат профит. Клучните фигури, донесувачи на одлуки, вклучувајќи го германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, велат дека правилата не треба да влијаат на банките несразмерно. Имаше предлози Европската унија да ги игнорира овие правила, што сепак ги поткопува Базелските процеси по координација во финансиските регулативи.

Новите правила нема да влијаат на банки кои веќе одговараат со внимателност, што беше и намерата на регулаторите. Покрај тоа, тие ќе им овозможат на банките кои ги оцениле внимателно ризиците за повеќе оптимистички перспективи.

Без разлика колку се проценува ризикот, европските банки се уште имаат потреба од повеќе капитал. Неуспехот во тоа да ги признаат загубите и да бараат потпора за капиталот од премногу лошите кредити, што им ја ограничува нивната способност да инвестираат во раст.

Регулаторите во Базелскиот комитет треба да инсистираат за повисок минимум на капитал како удел од сите (а не само од ризичните) средства. Овој т.н. коефициент на потпора е полесен за пресметување и ја тестира издржливоста во неочекувани ситуации кога средства, кои некогаш се сметаа за сигурни, се покажаа како ризични.

Години европските лидери избраа да одржуваат еден болен банкарскиот систем, а не да се соочат со проблемите и да ги решат и според „Bloomberg“ тоа треба да се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП