7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГЛОБСЕК: Ревизија на Даблинскиот договор за поефикасно процесирање на апликациите за азил

ГЛОБСЕК: Ревизија на Даблинскиот договор за поефикасно процесирање на апликациите за азил

migranti

Моменталната мигрантска криза во Европската унија има повеќе проблеми, а еден од најважните проблеми е процесирањето на апликациите за азил, нешто што е сега регулирано со Даблинскиот договор, за кој повеќето членки на ЕУ сметаат дека му е потребна итна промена, пренесува новинарот на Макфакс од Братислава.

Од Братислава, Бојан Стојковски

Една од темите којашто се дискутира на годинешниот ГЛОБСЕК безбедносен форум во Братислава е токму ревизијата на Даблинскиот договор, односно воспоставување ефикасен систем за справување со проблемот на регистрација и процесуирањето на барањата за азил.

„Една од причините поради кои земјите членки не сакаат да ги регистрираат апликантите за меѓународна заштита е тоа што според сегашниот Даблински договор земјата членка што ги регистрира се смета за земјата на влез во ЕУ. Таа земја членка потоа е одговорна за сместувањето на мигрантите и за разгледувањето на мигрантите. Бидејќи некои членки добиваат повеќе мигранти отколку другите членки, не сакаат да ги регистрираат и ги испраќаат во друга земја членка. Сево ова придонесува за неефикасен заеднички европски систем за азил, каде земјите членки потоа ги испраќаат мигрантите назад во земјите каде што мигрантите првпат влегле во Унијата’, објаснува за Макфакс норвешкиот политичар Мадс Даниелсен, еден од авторите на предлогот за промени во Даблинскиот договор и учеснил на ГЛОБСЕК Форумот во Братислава.

Постојат два главни предлози за поголема ефикасност на овој Договор, при што првиот од нив е формирање на Заеднички критериум за алокација, односно пропорционалнна распределба на апликациите за азил помеѓу земјите. Со ова ќе се надмине проблемот за регистрација на мигрантите во првата земја на влез, бидејќи одлуката за алокација се носи врз основа на овој критериум, односно системот одлучува кој мигрант каде би бил испратен.

Според Даниелсен, вториот предлог, пак, е формирање  ‘европски клучни точки’ во секоја земја членка каде што мигрантите ќе бидат сместени и ќе им се обезбеди храна и медицинска грижа. Додека мигрантот е сместен во некоја од овие клучни точки, тука се врши и регистрација и потоа интервју со него, врз основа на кое се проценува во која земја членка тој ќе биде релоциран.

„Со ова би се добило една подобра слика за тоа која земја членка повеќе му одговара на апликантот и каде тој би имал повеќе предности’, вели Даниелсен за Макфакс.

Двата предлога се меѓусебно поврзани, со што би се обезбедил еден напредок во областите на слободата, безбедноста и правдата на оние коишто поради околностите бараат заштита од Унијата.

Темелниот договор за Европската унија, ткн Даблински договор, дозволува враќање на азилантите во земјата во која тие за првпат влегле во ЕУ.еден од базичните договори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП