10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Дијана Томиќ – Радевска во Прилеп

Изложба на Дијана Томиќ – Радевска во Прилеп

%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b0

Изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска ќе биде отворена во петок, во 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп .

Со отворањето на оваа изложба ќе профункционира новата ликовна галерија во Центарот за култура именувана по големиот македонски и прилепски уметник, еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој во Центарот пред 20 години наслика мурал.

Со новата галерија „Борко Лазески“, ЦК „Марко Цепенков“, има три галериски простори преку кои ќе ја презентира ликвоната уметност во Прилеп.
Инаку, уметницата Дијан Томиќ Радевска ќе се претстави со 60 графики.

Родена е 1961 г. во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност. Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими.
Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг. Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.), награда Љубомир Белогаски (1996).

Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016)

Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах, на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП