2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставување на албанската книжевност во Македонија во Националната библиотека

Претставување на албанската книжевност во Македонија во Националната библиотека

albanska-kniz

Во Центарот за конференции и студии на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денес во 12 часот, ќе биде претставена албанската книжевност во Македонија.

Осврт за книжевните дела на авторите кои творат на албански јазик во Македонија ќе има проф. д-р Фатмир Сулејмани, декан на Филолошкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, писател, критичар, есеист, публицист и преведувач. Во неговото излагање, професорот Сулејмани ќе се фокусира на најзначајните поетски, прозни и драмски остварувања од најпознатите книжевници создавани во минатото и сегашноста, со што посетителите ќе добијат широка претстава за албанската книжевност во Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат и купат делата од авторите кои творат на албански јазик во Македонија објавени во рамки на капиталните издавачки проекти, како во оригинал на албански јазик, така и преведени на македонски и на англиски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП