17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на дуо Лазаревски-Крстев во Софија

Концерт на дуо Лазаревски-Крстев во Софија

duo388

Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, во четврток, во 19.30 часот, ќе биде домаќин и организатор на концертот на дуо Лазаревски-Крстев.

Владимир Крстевски на обоа и Владимир Крстев на виолина, пред публиката во Софија ќе се претстават со одбрани музички дела од G.Ph.Telemann, Carl Philipp Emanuel Bach, Johann Quantz.

Владимир Лазаревски музичкото образование го има стекнато на Музичката академија “Панчо Владигеров” во Софија, каде има и магистрирано и докторирано. Во моментов е професор на Музичката академија на Универзитетот во Штип. Настапува со Македонската Филхармонија, Симфонискиот оркестар на Македонското радио и со други музички формации, на бројни концерти во Македонија но и Австрија, САД, Велика Британија, Полска, Луксембург. Носител е на наградата “Виртуози” (2012) како член на квартетот “Music progressive”, како и на наградите “Alegro Vivo” (2002) во Австрија и наградата од натпреварот “Earth and People” во Бугарија.

Владимир Крстев своето музичко образование го стекнува на Музичката академија во Скопје, каде дипломира во класата на проф.Зоран Димитровски.  Има настапувано со бројни музички формации, „The Bahus Ensemble”, Central European Initiation Orchestra, Германскиот симфониски оркестар од Алтенбург, со оркестарот на Македонската Филхармонија. Учествувал на бројни значајни концерти и низ Бугарија, Турција, Шведска, Полска, Франција, Австрија, Португалија.  Значајни се и неговите учества во „Mitan project”, “„roject Zlust”, како и во снимањето на филмска музика за филмовите „Големата вода” и „Балкан-кан”.

Македонските музички уметници Лазаревски и Крстев пред публиката во Софија ќе ги претстави директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров, а концертот кој е дел од музичката годишна програма на КИЦ во Софија финансиски е поддржан од Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП