20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШесто издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Шесто издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Image

Шестото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ ќе се одржи во сабота, со почетокот во 20 часот во Старо забавиште (над киното) во Струмица.

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Република Македонија уште од самиот почеток. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира шестото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и годинава се одржува во повеќе држави во светот, односно, имаме најавено 500 настани во над 100 земји во светот!

Програмата на манифестацијата започнува во 17 часот со читање на средношколци од општина Струмица, а ќе биде проектиран и документарниот филм за македонскиот современ поет Анте Поповски. Во 20 часот ќе биде отворена изложбата на плакати од дваесетина дизајнери кои се дел од конкурсот кој секоја година е дел од програмата, ќе биде промовиран зборникот со поезија од 60 автори кои учествуваа на претходно објавениот конкурс, проследено со поетско читање од автори од Македонија и надвор. Во оф програмата која е новитет годинава во Сцена 112 во 23 часот ќе настапи хип хоп составот „Исказ“ од Србија.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

100 Илјади поети за промена се поддржани од годишната програма на Општина Струмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП