17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВенцислав Ристов добитник на наградата „Љубе Цветановски 2016“

Венцислав Ристов добитник на наградата „Љубе Цветановски 2016“

venci

Жирито при Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје, за документарно-креативен филм во состав: Диме Ратајкоски – претседател, вонр. проф. Мишо Нетков и доц. Гоце Цветановски – членови, од 10 пријавени филмови, ја додели наградата „Љубе Цветановски 2016“ на филмот „Виа Македонија“ на младиот македонски синеаст Венцислав Ристов во продукција на Канал 5.

Наградата што го носи името на Љубе Цветановски, легендарен македонски документарист, оваа година ја понесе овој потресен филм, за мигрантската криза во Р. Македонија.

Наградата ќе се додели на Првиот академски час на Универзитетот, што ќе се одржи на во среда, во 11:30 ч. во салата на Кинотека на Македонија.

Истиот ден со ексклузивно присуство на шест амбасадори од ЕУ ќе биде прикажан филмот„Европа мојот идентитет“ што студентите на ЕСРА го работеа со нивните колеги од повеќе европски земји.

Во рамките на академскиот час ќе биде доделена и специјалната награда на меѓународното жири на НЕТА (Нова европска театарска акција) во рамките на 24. Мегународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на студентите на класата на Проф. Мето Јовановски

Академски поздрав од новата генерација студенти – екслузивен спот „My Little One“ на легендата на македонската музика Тоше Проески со неговиот внук Кристијан Ристески, студент на прва година на Факултетот за применета музика.

На крајот свечено ќе бидат доделени и на индексите на новозапишаните студенти на универзитетот и дипломи на новите професионалци во аудиовизуелните уметности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП