Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 30 година за младоженецот. Бројот на разводите е зголемен за речиси 15 % во споредба со 2023 година. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во 2024 година во однос на 2023 година се склучени за 12.7 % помалку, а разведени за 14.7 % повеќе бракови. Податоците на статистичарите велат дека лани се склучени 11 066 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 12.7 %. Најмногу бракови, 1 452 или 13.1 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 661 брак или 6.0 %. Податоците велат дека најчесто се стапувало во прв брак со учество од 92.9 % за жените и 92.3 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 30 година за младоженецот.

