5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМОТ од 21 до 27 септември во МКЦ

МОТ од 21 до 27 септември во МКЦ

mot78

Фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, ќе се одржи од 21 до 27 септември.

На прес- конференцијата којашто се одржа во среда во просториите на МКЦ беше претставена програмата на овој меѓународен фестивал МОТ и беше нагласено дека повторно во фокус е тесна селекција на светски и регионални театарски продукции која на исто место ќе ги обедини вљубениците во театарот.

Во изминативе 40 години на МОТ биле презентирани театарски групи театри, самостојни театарски уметници од над 70 земји од Европа и светот, со над 700 изведби. Фестивалот значи многу за театарот и севкупниот културен живот во Скопје.

Во периодот од 21 септември, кога е и официјалното отворање на фестивалот, па до 27 септември, на репертоарот на фестивалот има четиринаесет продукции од: Романија, Унгарија, Србија, Словенија, Хрватска, Косово, а ни гостува и еден од најреномираните европски театри, театарот од Види Лозана од Швајцарија.

На прес-конференцијата присуствуваа и дел од екипа на претставата „Догвил“ на Миксер Хаус, Белград којашто е театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир, режисерот на претставата Кокан Младенович, во која меѓу другите играат и Бранислав Трифуновиќ, Милица Мајсторовиќ и Милица Јаневски, а музиката за претставата во живо ја изведува Vrooom.

Режисерот на претставата Кокан Младенович, истакна дека нивниот Догвил е замислен како платформа во која се изнесени исфрустрираноста, омразата, агресијата и нетолеранцијата на различните мислење, верувања, како и сексуална ориентација.

Претставата ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакала да им помогне и во чија хуманост и добрина верувала.
МОТ оваа година учествува и во светската прослава на 100 години од смртта на Вилијам Шекспир, со ревијата на бесплатни играни филмови снимени по драми на Шекспир. Публиката на закажаните проекции во Џебното кино во МКЦ ќе има можност да ги погледне легендарните наслови како ХАМЛЕТ на сер Лоренс Оливие, КРАЛОТ ЛИР на Питер Брук и мноштво други.

Во рамките на фестивалот како дополнителна програма, ќе се одржи и промоција на книгата РАПСОДИЈА НА ТЕАТАРОТ во издание на МОТ и МКЦ од францускиот филозоф, драматург и професор Алан Бадју.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП