6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрилепскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“

Прилепскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“

шишко

Театарот „Војдан Чернодрински“, во петок со претставата „Обѕрни се во гнев“, од Џон Озборн, во режија на Кристина Димитрова настапува во Струмица на интернационалниот фестивал „Ристо Шишков“.

Струмичани ќе можат да уживаат во камерната претстава преку која ќе ја почувствувата интимната атмосфера.

„Во претстваата се гледа побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните татковци што го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла, а потоа тие истите повторно го создаваат светот на стариот начин, без да ги имаат предвид потребите и желбите на младите. Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба“, велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Во претставата играат Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмаковска, Илија Волчески, Даниела Ивановска, Костимографијата и сценографијата е на Илина Ангеловска, а автор на музиката Дарија Андовска, додека драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска –Ѓорѓиевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП