21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува радовишката ликовна колонија

Почнува радовишката ликовна колонија

радовишка

Почнувајќи од денес, под покровителство на Градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов, во манастирскиот комплекс Св.Ѓорѓи во с.Ораовица, Друштвото на ликовни уметници од Радовиш РАДА организира меѓународна радовишка ликовна колонија.

Свеченото отварање ќе биде во 18 часот, а колонијата ќе биде отворена до 11 септември кога е предвидено нејзиното затварање, при што сликите ќе бидат изложени за време на празнувањето на денот на ослободувањето 6 ти Ноември.

На оваа меѓународна колонија активно учество ќе имаат 13 учесници од кои покрај сликарите од Македонија, ќе учествуваат и сликари од Шведска, Бугарија и Монголија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП