25 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетот Јован Стрезовски добитник на наградата Державин

Поетот Јован Стрезовски добитник на наградата Державин

поетот-јован

Поетот Јован Стрезовски е добитник на наградата „Державин“ што се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2015 до јули годинава, а признанието Стрезовски го доби за поетската книга „Времено и трајно“, објавена во издание на „Матица македонска“.

Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едогласно ја донесе жири комисијата во состав Иван Чаповски, претседател, и членовите Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.

Жирито во своето обрзложение оценува дека најновото поетско остварување на Јован Стрезовски се одликува со високи естетски дострели кои се вградуваат во ризницата на трајните вредности на македонската литература“.

„Стихозбирката „Времено и трајно“ е израз на богатото творечко искуство на Јован Стрезовски низ кое се преткојавуваат едноставноста на кажувањето и слоевитоста на поетските пораки и значења“, се вели во одлуката за доделување на наградата „Державин“.

Свеченото врачување на наградата „Державин“ на Јован Стрезовски ќе се одржи на 12-ти октомври, во организација на ДПМ и на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој е донатор на паричниот износ, а по повод претстојното одбележување на 70-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Доајенот на ДПМ, Јован Стрезовски, годинава одбележа 85-годишен животен јубилеј и 60 години творечка дејност. Како поет, раскажувач, романсиер и писател за деца, создаде опус од четириесетина дела. Беше долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата и претседател на Собранието на ДПМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП