12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧелниците на Г20 на самит во ерата на економска неизвесност

Челниците на Г20 на самит во ерата на економска неизвесност

г20

Челниците на дваесетте водечки земји во светот се собраа во неделата во источниот кинески град Хангжи на самиот на групата Г20, посветен на потрагата по начините на јакнењето на глобалната економија и во период на неизвесностите во оваа сфера кои ги создадоа британскиот референдум за напуштање на Европската унија, бегалската криза, споровите во Јужното Кинеско Море…

Кина е домаќин на собирот кој ќе се одржува во неделата и понеделникот и кој започна со бројни билатерални средби на светските челници на маргините од самитот Г20. Медиумите истакнуваат дека во Хангжу се преземени извонредно строги мерки на безбедност, како и дека дел од жителите во текот на викендот го напуштиле градот.

Деца по должината на улиците им отпоздравуваа на колоните лимузини кои ги довезуваат светските челници во меѓународниот Експо центар и најмоќните политичари во светот во зградата влегуваа по црвениот тепих.

На самитот се присутни челниците на најразвиените земји во светот и сигурно највлијателните личности на планетава во моментов, како американскиот претседател Барак Обама, неговиот руски колега Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, турскиот челник Реџеп Тајип Ердоган, новата постреферендумска британска премиерка Тереза Меј, а домаќин ќе им биде водачот на најбројната нација на светот, кинескиот претседател Кси Џинпинг.

БРИКС, организацијата на петте најбрзо растечки светски економии – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, одржаа неформална средба во неделата утрото, за да ги разгледаат стратегиите за нивната економска соработка која опфаќа речиси половина од светската популација.

Самитот во Хуангжу укажува на важноста на Кина на светската сцена и се очекува дека особено западните челници и нивните сојузници ќе се обидат да направат притисок врз Пекинг, во прв ред, да го заузда прекумерното производство на челик кој поради тоа се продава под вообичаените пазарни цени.

„Овој собир претставува можноста Кина да ја покаже одговорноста којашто е примерна за голема економска сила“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Додаде дека Г20 би требало да го искористи овој форум да покаже дека може да произведе долгорочен глобален економски развој.

Собирот на светските челници, исто така, создава можноста за разговори за големите невралгични конфликти кои од регионално ниво се рефлектираат врз односите на големите сили, па во тој контекст за кризата во Сирија веќе разговараа американскиот и рускиот претседател, а за бегалската криза и односите со ЕУ, турскиот претседател и германската канцеларка.

Европските лидери на самитот во меѓувреме ги повикаа кинеските домаќини и другите членки на Г20 да преземат позначајна улога во одговорот на глобалната бегалска криза, којашто најмногу ја чувствува европскиот континент.

Некои меѓународни граѓански здруженија упатија приговори дека им бил оневозможен престап до прес-центарот, за да ги следат и коментираат настаните на самитот, што не е практика особено во Кина, а Deutsche-Welle соопшти дека кинеските власти одбиле да им издадат акредитации за неколку нивни соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП