5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКук: Одлуката за данокот води кон разорување на Европа

Кук: Одлуката за данокот води кон разорување на Европа

kuk-apple

Принудувањето на Apple да плаќа данок по истата стапка како и останатите компании ќе доведе до разорување на Европа, напиша во отвореното писмо генералниот директор на американскиот технолошки гигант, Тим Кук, по повод решението на Брисел оваа компанија да плати 13 милијарди евра заостанат данок на Ирска.

„Тоа би можело да зададе разорен удар на суверенитетот на државите членки на Европската унија во областа на нивните даночни работи, како и на начелата на правната сигурност во Европа“, наведува Кук во отвореното писмо до акционерите и на „Apple заедницата во Европа“, објавено во вторник.

„Покрај очигледното таргетирање на Apple, најдлабоки и најштетни последици ова решение ќе има на инвестициите и отворањето на нови работни места во Европа“, порача Кук, пренесува Вашингтон пост.

Антикорупциското регулаторно тело на ЕУ му наложи во вторник на Apple, по двегодишна даночна истрага, да и плати на Ирска 13 милијарди евра заостанат данок, откако било утврдено дека посебната шема на пренасочување на профитот преку Ирска претставува незаконска државна помош.

Предмет на истрага беше необичниот договор кој Apple го постигна со исрките даночни власти компанијата да плати данок по вонредно ниска стапка од 0,005 отсто во 2014 година.

Европската комисија(ЕК) тоа го нарече „илегална државна помош“, а ирските даночни власти велат дека „го наплатите целиот износ од пристигнатиот данок“, додека Apple тврди дека ист аранжман е на располагање на секоја компанија со седиште во Ирска, само доколку побара.

„Низ годините добивме упатство од ирските даночни власти за тоа како да работиме исправно во согласност со ирскиот даночен систем – истото упатство е на располагање на било која компанија што работи таму. Во Ирска, како и во секоја земја што работиме, Apple се придржува до законот и ги плаќа сите даноци што ги должи“, напиша Кук.

Тој категорично ги негира тврдењата на ЕК дека Apple постигнал „специјален дил“ со Ирска

„Во одлуката(на ЕК) објавена на 30 август се тврди дека Ирска му дала на Apple специјален договор за нашите даноци. Ова тврдење нема упориште во фактите, ниту во законот. Ние никогаш не баравме, ниту, пак, добивме било каков специјален договор“, додава Кук.

Порталот Register пишува дека постои сомнеж оти ирските власти постигнале договор со Apple компанијата да вработи луѓе во неразвиените делови на земјата. Одговорот на Кук, како што оценува порталот, само оди во прилог на таквите размислувања, а може дури и да се сфати како „шифрирано“ предупредување до ирската влада, дека доколку не се бори против таквата одлука, Apple ќе започне со отпуштање на луѓе.

Во октомври 1980 година Apple отвори фабрика во Корк, во Ирска со 60 вработени“, наведе Кук, потсетувајќи се на деновите на Стив Џобс.

„Во тоа време Корк имаше висока невработеност и исклучително мали економски инвестиции…од тогаш континуирано работевме во Корк, дури и за време на периодот на неизвесност за сопственото работење, а денес вработуваме речиси 6.000 луѓе ширум Ирска. Голем дел од нив и натаму се во Корк“, вели Кук.

Тој порача дека принудувањето на Apple да плати ретроактивно милијарди евра данок може да влијае и врз таа земја, не само врз компанијата.

„Безброј мултинационални компании го следеа Apple со инвестирањето во Корк и денеска та локална економија е појака од било кога“, се вели во отвореното писмо на првиот човек на Apple.

Сѐ на сѐ, и натаму во крајниот исход за тоа колкав износ Apple ќе мора да плати останува на ирските даночни власти. Ирска и натаму останува на својот став, најавувајќи дека ќе се жали на одлуката на Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП