2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо концерт на младите пијанисти заврши прилепското културно лето

Со концерт на младите пијанисти заврши прилепското културно лето

konc

Во вторникот вечер, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ вo Прилеп се одржа концерт на пијано на кој се претставија учениците од класата на проф. Христина Никоска од ООМУ „Ордан Михајлоски – Oцка“.

На пијано настапија Лена Калеска, Стефанија Котеска, Катерина Николоска, Матеја Блажеска, Климент Тавчиоски, Елена Дамеска, Марија Котеска, Давид Аљакоски, Исидора Ангелеска, Емануел Петрески, Михаела Ристеска, Марија Котеска и Арсениј Ангелески, кои изведоа композиции од: П. И. Чајковски, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Т. Зографски, Ф. Бургмилер, Џ. Филд, А. Качатуријан и др.

Настанот е во рамките на манифестацијата Прилепското културно лето, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“ која завршува со овој концерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП