27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМеѓународна научна конференција „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници

Меѓународна научна конференција „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници

цккс

Четвртата годишна меѓународна научна конференција насловена „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници (МДТГ)“ 2016, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), ќе се одржи од 1 до 3 септември 2016 година, во Скопје.

На отворањето ќе се обратат претседателката на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева и потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски. Воедно, на отворањето на конференцијата како воведничар-предавач ќе настапи Џовани Ерколани, професор на Универзитетот Мурсиа во Шпанија (University of Murcia).

Годинава на конференцијата ќе земат учество околу 90 научници од 70 земји од светот меѓу кои Русија, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Западна и Источна Европа, Балканот, и од нашата земја.

Конференцијата се стреми да ги обедини истражувачите од економските, правните, политичките науки, историчарите, антрополозите, социолозите и социјалните психолози, истражувачите кои се занимаваат со културолошките студии, науката за литературата, уметноста и медиумите, како и практичари од други дисциплини, со цел да истражи како миграциите влијаат на верувањата, обичаите, секојдневните практики, институциите, политиките и законите и обратно, и како сите овие фактори каузално влијаат врз искуството и однесувањето на имигрантите и граѓаните на земјата-домаќин, на етничките малцинства и на мнозинствата.

Цел на конференцијата е да посочи на различните теоретски дискурси кои на темата ѝ пристапуваат од различни аспекти, како: поларизацијата на светот, заканите по мирот и безбедноста, прашањата за глобалниот диверзитет, социо-економската нееднаквост, културните промени.

Од излагањата на досега одржаните конференции („Култура и меморија“, „Медиуми: теорија и практика“ и „Идентитет и култура“) произлегоа голем број научни трудови, а дел од нив беа издадени во Списанието „Култура/Culture“ кое досега реализираше 12 броеви.
Конференцијата, и оваа година во off програмата на странските учесници ќе им ги понуди природните и културните убавини на Матка и Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП