8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилејно 10-то „Славење на пирејот“ - 10 години од смртта на Петре...

Јубилејно 10-то „Славење на пирејот“ – 10 години од смртта на Петре М. Андреевски

slavenje

По јубилеен 10 – ти пат, на празникот Голема Богородица, во селото Слоештица ќе се одржи манифестацијата „Славење на пирејот“ – 10 години од смртта и 10 години вечен живот на великанот Петре М. Андреевски.

Овој пат, организаторите, Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ и продукциската куќа „Еhox“, како програмска водилка ја одбраа песната „Лицето на зборовите“. Токму оваа песна била централна тема и на докторскиот труд на Проф. Весна Мојсова – Чепишевска којашто годинава ќе ја одржи воведната беседа за Петре.

На гумното во уметничкиот центар, публиката ќе има ексклузивна можност да ја проследи Светската промоција на модната ревија на престилки дизајнирани од германската уметница Герлинде Пистнер. Оваа ревија се одржува во чест на скутината, онаа шарената бабина скутина, на којашто Петре М. Андреевски ја запознал својата татковина.

Престилките, како и зборовите не се со исто лице, а така е и со лицата и карактерите на луѓето што се тема на самостојната изложба на Пистнер поставена во галеријата на „Арт Поинт – Гумно“.

Ќе следува музички перформанс на младата вокалистка со уметничко име Ева Гордон којашто потекнува од Демир Хисар и беше дел од проектот „Перија“. Ева верува дека традиционалната македонска песна, со сета емоција која ја носи во себе, ја има силата да го најде патот до сечие срце, вистински, длабоко и сосема чисто и наивно, без граници.

„Завршниот збор“ на манифестацијата ќе го има претставата „Слојчки сказанија“, работена според приказните на дедо Илија Кочовски (демирхисарскиот Марко Цепенков). Оваа премиера воедно го означува и отворањето на „Народен театар Слојштица“, бидејќи скоро сите учесници потекнуваат од селото.

И оваа година, манифестацијата е делумно поддржана од страна на Министерството за култура на Република Македонија и од Општина Демир Хисар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП