19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа неколку месеци Кина затвори 10.000 фондови

За неколку месеци Кина затвори 10.000 фондови

kina ekonomija 3536

Во рок од неколку месеци кинеските власти одзеле одобренијата за активност на над 10.000 фондови објави трговска организација „Asset Management Association of China“ (Amac), цитирана во локалните медиуми. Со тоа Комисијата за регулирање на финансиските пазари ја заштити организација со околу 40% од сите фондови во земјата, меѓу кои хеџ фондовите и средствата за удели во инвестирање.

На засегнатите фондови или им недостасува дел од основната инфраструктура, или извршиле финансиски трансакции за кои немале дозвола – како заеми, се вели во соопштението. За некои фирми се претпоставува дека се вмешани во нелегални активности. Брзиот раст на индустријата на фондовите во Кина во последниве години доведе до развој во кој „се мешаат добрите и лошите практики“, се вели во извештајот на „Amac“.

И по оваа акција Кина се уште има над 16.000 регистрирани фондови, пишува Wall Street Journal. Според медиумот тие управуваат со околу 6,5 илјади милијадри јуани (околу 880 милијарди евра).

Затворањето на фондовите е дел од обемната финансиска реформа, која ја започна новиот шеф на Комисијата за регулирање на финансиските пазари Лиу Шо, кој претходно ја предводеше „Agricultural Bank of China“, веднаш по назначувањето во февруари. Во меѓувреме, властите веќе зедоа конкретни мерки против некои берзанските посредници и други пазарни учесници, кои досега ретко беа под контрола.

За време на мандатот на претходниот шеф на регулаторот Сјао Ган се случи берзански колапс во јуни 2015-та година, кој доведе до рестрикции во продажбата на државните средства и привремено прекинување на ИПО-то. По турбуленциите на финансиските пазари од почетокот на оваа година комисијата го отстрани механизмот за прекин на берзанската трговија, за кој претходно тврдеше дека ги штити пазарите од шок.

Огромниот број на сега затворените фондови го илустрира степенот на експанзија на кинескиот финансиски сектор. Во годините на бумот на кинеската економија и на зголемената благосостојба на Кинезите, индустријата растеше без особена контрола. Властите речиси не одделуваа внимание на делумно нерегулираните пазарни учесници, додека не се дојде до некој голем скандал. Силниот пад на кинеските берзи минатата година сепак ги покажа опасностите од еден матен и едвај контролиран финансиски сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП