27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРЦБ: Основната каматна стапка останува непроменета

РЦБ: Основната каматна стапка останува непроменета

pres rcb 33

Руската централна банка (РЦБ) ја остави основната каматна стапка без промена, откако минатиот месец ја намали за прв пат по речиси една година, соопштува „Bloomberg“.

Еднонеделната репо камата останува на ниво од 10,5%, што ги оправдува очекувањата на 29 од вкупно 39 економисти анкетирани од агенцијата. Останатите прогнозираа пад за 50 базични поени.

„Руската централна банка ќе ја разгледа можноста за дополнително намалување врз основа на оценките за инфлациските ризици“, пишува во соопштението на институцијата.

Воздржувајќи се од дополнително намалување на основната каматна стапка, менаџерот Елвира Набиулина ќе може да ги следи ефектите врз инфлацијата од слабата рубља. Јули може да биде најслабиот месец за руската валута, откако цените на нафтата се вратија кон нивоа малку над 40 долари за барел.

Седницата беше и шанса банката да ја демонстрира својата независност, бидејќи нејзината политика за слободно лебдечкиот девизен курс беше оспорена минатата недела, вклучително и во говорите на претседателот Владимир Путин.

„Аргументите за задржување на каматните стапки без промена се неколку: инфлацијата е се уште над 7%, уште повисок раст на платите, буџетската несигурност и слабеењето на рубљата“, вели Артема Акхипов, главен економист за Русија во „UniCredit Bank“ во Москва. „Избрзување со намалување на каматите може да ја ограничи способноста на централната банка да дејствува при наредните седници“, додава тој.

По објавувањето на одлуката рубљата ги ограничи загубите и се тргува со 0,63% пад на ниво од 67,0210 рубљи за долар. Таа се уште е шестата валута која најлошо се претстави во овој месец, откако ослабе во однос на доларот во осум од последните 10 дена. Руската валута поскапе за околу 10% од почетокот на годината, откако во 2015-та година поевтини за околу 20 проценти. Нафтата се насочува кон своето најголемо месечно поевтинување од речиси една година.

Руската економија постепено излегува од рецесија и централната банка се фокусира на инфлациските ризици. Поевтинувањето на рубљата ја усложнува задачата за совладување на инфлацијата до 4% во 2017-та година, откако во јуни таа достигна двојно повисоки нивоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП