19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешката круна - најризичната валута со рејтинг ААА

Норвешката круна – најризичната валута со рејтинг ААА

rang nor 022

Валутата, која се претвори во засолниште во 2012-та година, сега се тргува речиси како таква на растечките пазари. Станува збор за норвешката круна. Ова се случува и покрај рејтингот од „ААА“ на земјата, најголемиот државен инвестициски фонд во светот и значителниот вишок на тековната сметка, коментира „Bloomberg“.

Кога Британија го шокираше светот, гласајќи да излезе од Европската унија, инвеститорите се насочија кон пазарите на валути, кои ги сметаат за безбедни – пример јенот, франкот и данската круна. Во исто време тие ги насочиле средствата кои ги гледаа за поризични, како фунтата, златото и норвешката круна.

Готе Лангелан, главен аналитичар во „Nordea Bank“ во Осло, вели дека круната навлегла во иста група со валути, кои отстапиле пред одбегнувањето на ризикот по „Brexit“. Иако рејтинг на земјата е „ААА“, круната конечно е „мала, периферна валута“, вели тој.

Да имаш мала валута значи да имаш и мала економија и монетарна политика, која лежи на милосрдието на поголемите глобални економски текови. Превирањата околу Британија се закануваат на економското здравје на Европа и може да предизвика централните банкари во Норвешка да се приклучат на своите колеги во Скандинавија и да ги намалат каматните стапки на нула. Во Данска и Шведска всушност каматните стапки веќе се дури под нулата.

rang nor 0011

На планираниот состанок во несоодветен момент, на денот на гласањето околу „Brexit“, норвешката централна банка објави дека ја задржува својата основна каматна стапка на ниво од 0,5%. Таа сигнализираше уште дека останува оптимист за економијата во позадина на обновувањето на цените на нафтата. Банката соопшти дека се уште има можност да ги намали каматните стапки уште еднаш во оваа година. Токму тогаш станаа јасни резултатите од референдумот.

Сега „Danske Bank“ и „Svenska Handelsbanken“ очекуваат да се наметне Гувернерот Ојстен Олсен и да ги намали каматните стапки два пати, нула до крајот на годината, за да се справи со падот од „Brexit“, додека пазарите за извоз на Норвешка примаат удари.

„DNB“ – најголемата Норвешка банка, изјави дека централната банка ќе мора да се откаже од дел од својот нов оптимизам, да ги намали каматните стапки уште еднаш и да ја намали прогнозата за основната каматна стапка, за да не заостанува од стимулите во странство.

Падот на круната рефлектира новата реалност. Иако беше пожелна во 2012-та година, кога инвеститорите се фокусираа на кредитоспособноста на валутата на Норвешка, таа не е популарна во моменти во кои се бара ликвидност, рече Ерика Бломгрен, главен стратег на „SEB“. Во 2012-та година круната беше „алтернативен азил“, вели таа. Сега сè се врти околу „последиците за очекувањата на раст и расположението на ризикот“.

rang nor 0122

Во светот има само 10 земји со рејтинг ААА и од трите рејтинг агенции „Moody’s“, „S & P“ и „Fitch“. Неколкумесечната нестабилноста покажува дека Норвешка има најризична валута во групата, во која се вклучуваат уште Шведска, Данска, Швајцарија, Германија, Австралија, Сингапур и Канада. Еврочленките Луксембург и Холандија, исто така се меѓу нив.

Прогнозите се за уште намалувања на каматните стапки кои ќе имаат свое влијание на девизниот пазар. Нилс Кристијан Кнудсен, монетарен стратег во „Handelsbanken“, вели дека има значителен ризик за круната поради нивото на каматните стапки и нестабилноста на цената на нафтата.

„Пазарниот ризик е висок. Инвеститорите ќе се воздржуваат да купуваат круни“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП