19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПоетесата Весна Мундишевска Велјановска добитничка на наградата „Празник на липите 2016“

Поетесата Весна Мундишевска Велјановска добитничка на наградата „Празник на липите 2016“

vesna-mun

Македонската поетеса од помладата генерација на поети членови на Друштвото на писателите на Македонија, Весна Мундишевска Велјановска е годинашен добитник на наградата „Празник на Липите – 2016“ за најдобра песна на истоимената манифестација која се одржа во четвртокот.

Во првиот дел од програмата врачени беа наградите: „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Цане Андреевски и поетот од Србија, Јован Зивлак, а наградите ги врачи претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, а за творештвото на наградените зборуваа академик Георги Старделов и Санде Стојчевски.

Во вториот дел од програмата, пак, односно на поетскиот митинг, настапија поети, членови на ДПМ, кои се пријавија на традиционалниот конкурс за доделување на награда за најдобра песна прочитана на манифестацијата „Празник на липите“.

Па така, оваа година наградата ѝ беше доделена на младата поетеса со извонреден поетски глас, Весна Мундишевска- Велјановска од Битола за песната „Свет на бајки“, а наградата ѝ ја врачи селекторот Борче Панов.

Инаку, Весна Мундишевска – Велјановска автор е на девет книги поезија и на пет стручни книги. Таа учествувала на бројни културни манифестации, а нејзини поетски гласноговори преведени се и објавени на повеќе странски јазици. Воедно да напоменеме дека таа е добитник и на награди за необјавени песни и книги поезија, а учествувала и во создавањето и уредувањето на повеќе весници и списанија.

Поетесата Мундишевска-Велјановска, е секретар на Битолскиот книжевен круг, а од неодамна е и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое излегува во рамките на Македонското научно друштво од Битола, потоа таа е уредник и на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Битолскиот книжевен круг, како и член на редакцијата на списанието за современо воспитание, образование и настава „Воспитни крстопати“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП