28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да си ја повратите енергијата за работа

Како да си ја повратите енергијата за работа

energy2

Пролет е и надвор времето е прекрасно, претприемачите го завршија првиот квартал од оваа година и сега со сета сила се подготвени за вториот. Навистина им е потребна огромна енергија за совршени бизнис резултати. Потполно е јасно дека не е време да се дозволи нивото на работната енергија да опадне. Бистрината на умот и вољата за работа и акција доаѓа од вас внатрешно, а не од минливи надворешни стимуланси како што е  кафето на пример.

 

Еве ги шестте совети кои ќе ви помогнат за повраток на вашата енергија:

 

Добро наспијте се. Сите сме слушнале за луѓе кои спијат само по 4 часа на ден, но тоа навистина не е препорачливо. Тие кои што не спијат доволно одреден временски период ќе функционираат, но верувајте после 4-5 дена продуктивноста на тие луѓе наеднаш опаѓа за околу 50 %, нивната мотивираност е се помала и нивната издржливост за да ги истуркаат проектите до крај веќе ја нема. Телото и умот на секој човек имаат потреба од обнова. Седум до осум часа спиење навечер се доволни за да бидете продуктивни преку цел ден.

 

Запишувајте ги вашите цели два пати на ден. Направете една мини листа на цели кога ќе се разбудите наутро и една листа навечер. Ова ќе ви помогне да останете фокусирани на тоа што сакате да го направите во текот на денот.

 

Секојдневно вежбање. Одвојте барем минимум 10 минути во текот на денот да направите некоја физичка активност. Добра кардио вежба за истегнување ја зголемуваат вашата доверба во себе, вашата сила и моќ која ќе ви треба во текот на целиот  работен ден.

 

Облечете се за успех. Облеката го променува начинот на кој се доживувате самите себе си и како ве доживуваат другите околу вас. Облечете облека во која се чувствувате сигурни, спремни за успешен работен ден. Луѓето ќе го ценат тоа што сте се потрудиле да изгледате професионално.

 

Опкружете се со луѓе што ве поддржуваат. Може да се приклучите на организации или клубови каде што ќе правите нешто што ќе ве исполнува и восхитува. Потрудете се да добиете поддршка од вашето семејство и тие да слават со вашите победи и тоа ќе ви даде мотивација за долги стази.

 

Креирајте “ не негативна” политика дома и на работа. Не дозволувајте во конверзацијата со вашите блиски и вработени да се употребуваат следниве реченици: “Ние не можеме да го направиме тоа”, “Тоа не е возможно” и сл. Бидејќи на тој начин се намалува мотивираноста и енергијата на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП