22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај останува стабилно Индустриското производство во Кина

Во мај останува стабилно Индустриското производство во Кина

indu kina 00

Индустриското производство на Кина останува стабилно во мај, додека продажбата на мало и урбаните инвестиции неочекувано се успоруваат, зголемувајќи ги сомнежите дали втората најголема економија во светот се стабилизира по разочарувачкото прво тримесечје.

Продажбата на мало се зголеми за 10% на годишна основа во мај, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на податоците на Националната статистичка служба во Пекинг по раст од 10,1% во април. Тоа е најнискиот пораст во последните 10 месеци, пресметува „Trading Economics“.

Индустриското производство се зголемува со 6% во споредба со една година порано, останувајќи на непроменето ниво во споредба со април, но е пониско од очекувањата на економистите за раст од 6,1%, пишува „MarketWatch“.

Во последната година растот на индустриското производство на Кина се колебаше меѓу 5,5% и 6,5%, што е половина помалку во споредба со набљудуваните нивоа на производство пред неколку години.

indu kina 01

Растот на инвестициите во фиксни средства се забавува нагло до 9,6% на годишна основа во периодот јануари-мај во споредба со 10,5% во првите четири месеци од годината. Просечната прогноза на економистите беше за раст од 10,5%.

Според податоци на Светската банка показателите за раст покажуваат дека индустриското производство формира до 40% од вкупниот БДП на земјата.

Се уште има многу неповолни ветрови во втората најголема економија во светот, меѓу кои се способноста на финансискиот систем да се справи со задолженоста по децении на брзорастечки долг. Во моментов долгот стекнат од кинеските банки, се пресметува на околу 1,7 илјади милијарди долари.

Слабата надворешна побарувачка за кинески стоки и услуги исто така се претвора во голем проблем за Кина, додека извозот забележува надолен тренд повеќе од една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП