13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Спакувај го твојот број“ на летен саем на книга во „Aнтолог“

„Спакувај го твојот број“ на летен саем на книга во „Aнтолог“

antolog335

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство го најавува вториот Летен саем на книгата, кој ќе почне на 10 јуни 2016 година, а ќе трае цело лето.

Под мотото „Спакувај го твојот број и уживај во патувањето“, во рамките на саемот со попусти од 10 отсто до 70 отсто ќе бидат опфатени над 100 наслови од богатата книжевна продукција на издавачката куќа „Антолог“.

На летен попуст ќе биде и книгата на летото – „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд, која ќе се продава по специјална намалена цена од 350 денари.

„Покрај големите попусти, оваа година подготвивме и неколку пакети книги за на плажа со различна ‘величина’ т.е. број на книги и различен стил за да овозможиме поголем избор за сите вкусови и можности. За секој летен пакет книги подаруваме и една убава торба за на плажа. Секако, и оваа година во рамките на Летниот саем ќе организираме гостувања на автори и многу други изненадувања за нашите драги читатели“, велат од „Антолог“.

А за поголемо уживање во летниот одмор, љубителите на убавата литература може да спакуваат во куферите некој од следните пакети:

Пакетот S ги содржи книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Николски“ од Никола Дикнер и „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна со намалување од 1100 на 700 денари.

Во пакетот M се вклучени книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Петте годишни времиња на љубовта“ од Жоао Алмино, „Лебедот“ од Гудбергур Бренсон и „Песните на кои не ме научи мајка ми“ од Селчук Алтун со намалување од 1050 на 800 денари.

Пакетот L ги содржи книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Макунаима“ од Марио де Андраде, „Елиза на единаесет години“ од Дојна Рушти и „Како да заборавиш жена“ од Дан Лунгу, намалени од 1150 на 900 денари.

За вистинските вљубеници во книгата тука е пакетот XL со книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Од устата на китот“ од Сјон, „Челик“ од Силвија Авалоне и „Растењето на Лулу“ од Алмудена Грандес, со намалување од 1250 на 1000 денари.

Секој купувач на кој било од летните пакети ќе добие подарок – торба за на плажа.

Летните саемски попусти и понуди на „Антолог“ ќе важат во текот на целото лето во Книжевниот центар „Антолог“ на ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, на штандот на „Антолог“ на Летниот саем на книга во „Сити мол“ од 15 до 21 јуни, како и онлајн на „Купи книга“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП