17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетскиот караван на ДПМ во Македонски Брод

Поетскиот караван на ДПМ во Македонски Брод

karavan poeti 33

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија, во сабота, во 12 часот настапува во Македонски Брод.

Поетите на ДПМ ќе учествуваат на јубилејната, десетта по ред, Поречка културна манифестација „Потписи на срцето“. Пред љубителите на литературата во Македонски Брод ќе настапат поети од различни генерации: Александар Поповски, Горан Анчевски, Славица Дабевска Кировска, Мито Спасевски, Јован Дамјановски, Викторија Силјановска, Миле Јовановски Поречанец, Сеида Бегановиќ, Бобан Богатиновски,  Мирјана Тренчева, Александар Кујунџиски,  Ленче Милошевска, Стојмир Симјановски, Стојан Тарапуза, Димо Димчев, Мирче Нешовски, Васо Николовски и Андрија Дојчиноски.

Во посебен оддел од манифестацијата, со наслов „Минути на незаборав“, ќе им биде оддадена почит на Светлана Христова Јоциќ и Тодор Чаловски со кажување на стихови од нивното творештво.

Покрај поетскиот настап, програмата ќе биде збогатена со музички и ликовен дел. Поетите ќе ги посетат културно-историските знаменитости на Македонски Брод, како и природниот феномен пештерата Пешна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП