21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСвесното, а не механичкото јадење, против дебелењето

Свесното, а не механичкото јадење, против дебелењето

hrana 39999

Механичкото несвесно јадење е погубно за телесната тежина, истакнуваат авторите на студијата објавен во магазинот Food Today, билтен на Европскиот совет за информации од исхраната (EUFIC) врз основа на научните истражувања, и советуваат да се отворат „сите сетила за повеќе да уживате, а помалку да јадете“.

„Пред да ја отворите вратата од ладилникот, прво длабоко земете воздух и запрашајте се дали сте навистина гладни? Или можеби сте жедни? Дали сте под стрес или ви е здодевно. Дозволете си време и добро разделете ги вашите вистински потреби и желби“, советуваат авторите на споменатиот напис.

Во борбата против претераното внесување храна, важна е и големината на чинијата, советуваат авторите и притоа се повикуваат на резултати од спроведени истражување. Имено, колку чинијата е поголема, толку ќе биде и пополна, а поголемите пакувања со храна во продавниците и поголемите порции во рестораните, како и пошироките чинии за 30 отсто ги зголемуваат количествата на изедена храна.

За свесното јадење потребно е да се отстранат сите извори на одвлекување на вниманието. Авторите, така, советуваат при јадењето да се изгаси телевизорот и сите уреди со екран, како што се компјутерите и мобилните телефони, за ништо да не го одвраќа вниманието од храната. Покрај тоа, за консумирање потребно е да се издвојат барем дваесетина минути, покажуваат истражувањата.

„Секоја дистракција ја попречува перцепцијата на атрибутот храна, како што е се вкусот, текстурата, изгледот и го забавува времето потребно на мозокот да му се дојави чувството на ситост коешто поттикнува да се престане со јадењето“, се истакнува во написот.

Всушност, свесното јадење го намалува механичкото внесување храна, а тоа е особено важно за лицата кои се борат против претераната телесна тежина. Шест студии кои ги следеле резултатите од таква интервенција, покажале значително губење на килограми кај лица кои го прифатиле принципот на свесно консумирање на храната.

„Потребни се и други истражувања за да се разберат психолошките, биолошките и механизмите на однесување кои влијаат на тој процес“, заклучуваат авторите. Во очекување на тие студии советуваат мали залаци и долго долго џвакање и присутноста на сите сетила поради концентрацијата на мирисите, на текстурата, на вкусот, боите и воопшто изгледот на храната. Накусо, треба да се ужива во вкусите за да се јаде помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП