18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Сакралните објекти и руралната архитектура на велешкиот регион“ во Музејот на...

Изложба „Сакралните објекти и руралната архитектура на велешкиот регион“ во Музејот на Македонија

sakrl

Изложбата „Сакралните објекти и руралната архитектура на велешкиот регион“ ќе биде отврена вечер во Музејот на Македонија.

На триесет и седум постери презентирано е богатото архитектонско наследство на општините Велес, Чашка и Градско. Бројните цркви, манастири, како и народното градителство во руралните целини сведочат за вековна градителска традиција во средишниот дел на Македонија со градот Велес како поголем административен центар.

Изложбата која се поставува како гостување од Народен музеј Велес произлезе како придобивка од увидот во спомениците на културата во велешкиот регион извршен како соработка на музејот со Националниот конзерваторски центар од Скопје. Покрај документирањето и евидентирањето, реализацијата на оваа активност е искористена и за презентација на споменичните вредности и богатото недвижно културно наследство на градот Велес и селата кои природно гравитираат кон него.

Автор на концепцијата за изложбата е Елица Николова од Нареден музеј Велес, а автор на презентираните фотографии е Дарко Николовски од Националниот конзерваторски центар.

Со поставувањето на оваа изложба, Музеј на Македонија се приклучува на илјадниците музеи во Европа, кои во рамките на „Ноќта на музеите“ ќе ги отворат своите поставки за посетителите во ноќните часови.

Музејот ќе биде отворен од 19:00 ч. до 1:00 ч. по полноќ и влезот ќе биде бесплатен. Притоа посетителите ќе можат да ги погледаат и постојаните историски поставки, галеријата на икони, како и постајаната поставка – етнологија, во рамките на која се презентирани колекциите на народни инструменти и обичаи, народни носии и накит, ткаеници, традиционална архитектура, занаети, и народно стопанство.

Во рамките на музејскиот комплекс ќе може да се посетат и две изложби на Воениот музеј. Изложбата „Животот во војна: Велушина 1917“, всушност претставува презентација на колекцијата Ратајкоски. Во рамките на презентацијата „Воена логистика“ посетителите ќе имаат можност да пробаат „војничко гравче“.

Освен тоа, кон ова одбележување се приклучуваат уште некои музеи во Република Македонија. Во Музејот на македонската борба на 21 мај 2016 година во 20 часот ќе биде отворена изложбата „25 години од постоењето на Најмалиот етно-музеј во светот од с. Џепчиште“. Изложбата ќе може да се посети и на 22 мај 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП