26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМесото ја чува витката става

Месото ја чува витката става

15924504465738d46b94888407203947_v4 big

Кога сакаат да ослабат, луѓето најчесто се одрекуваат од месото, а тоа е често една од најголемите грешки кои ги прават…

Кога сакаат да ослабат, луѓето најчесто се одрекуваат од месото, а тоа е една од најголемите грешки кои ги прават. Повеќето нутриционисти велат дека тоа во умерени количини е неопходно за организмот, само е важно да не се подготви така што ќе биде масно, на пример на масло.

Постојат и студии кои тврдат дека исхраната богата со протеини е најздрава, а притоа е и најдобар начин за губење на килограмите. До таков заклучок дошла екипата на научници од Универзитетот во Сиднеј во текот на опсежното истражување во кое установиле дека сите кои се борат со вишокот килограми би требало наместо броење на калории да бројат протеини.

Водичот на тимот, нутриционистот Дејвид Рубенхајмер, објасни дека кога јадете протеини, телото истовремено со внесот троши калории, така што нема опасност од наталожување на вишок.

Оние кои внесуваат помалку месо, веројатно ќе претеруваат со масти и јаглени хидрати, што е лошо за витката линија и здравјето, вели Дејвид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП