6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на академик Васко Ташковски

Изложба на академик Васко Ташковски

vasko-tasko

Изложба на академик Васко Ташковски ќе биде отворена во понеделник вечер во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2016“.

Изложбата насловена „Вселенско патување“, што ќе ја отвори писателот Ефтим Клетников, всушност е избор од творештвото на доајенот на македонската ликовна уметност Ташковски. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат 40 дела на овој наш реномиран автор, кој покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика, а повремено и графички дизајн.

Васко Ташковски досега има реализирано 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија. За творештвото на Ташковски досега се снимени 8 телевизиски филмови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП