10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Класика за деца“ со Пламенка Трајковска во училишта во Штип и во...

„Класика за деца“ со Пламенка Трајковска во училишта во Штип и во Скопје

klasika-deca

Пламенка Трајковска – мали камерни состави во рамките на проектот ,,Класика за деца”, продолжуваат со своите концерти, па така во петок, ќе се одржат концерти во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, и во понделник во О.У. „Владо Тасевски“ во Скопје.

Концертот во НУЦК Ацо Шопов е со почеток во 19 часот и е со наслов ,,Моцартисимо”  на кој ке настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет.

На концертот ,,Моцартисимо “ на интерактивен начин децата ќе бидат запознаени со композициите и делата  на најголемиот композитор на класичната ера – Волганг Амадеус Моцарт. Посебно внимание ќе биде посветено на најмладата публика кај која ќе биде побуден интересот за гудачките инструменти кои го сочинуваат гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело.

Концертот во О.У „Владо Тасевски“ ќе се одджи во 11.30 часот. Овој концерт е трет од циклусот концерти за деца со наслов ,,Гудачки квартет во наше маало!. И на овој концерт ќе настапи Пламенка – гудачки квартет. На концертот освен учениците од основното училиште се поканети и граѓаните од маалото од скопската општина Карпош и сите добронамерници.

„По концертите од циклусот ,,Гудачки квартет во наше маало” во Скопје и концертот ,,Што е тоа гудачки квартет” во Кичево еве имаме можност да реализираме уште два концерти за деца во Штип и Скопје. Огромниот успех кој го имавме пред децата кои вистински уживаа во концертите и ја наградуваа секоја композиција со огромен аплауз за нас се мотив да продолжиме со концертите и со нашта едукативна мисија. Досега опфативме околу 1.500 деца и можеме да ги највиме и нашите следни концерти за деца во рамките на Скопско лето и во Гази баба”, вели Трајковска.

Тимот на Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти со извонреден успех но овие се  едни од позначајните бидејки за прв пат ќе реализираат концерт со класична музика со едукативна намена пред штипската публика и пред децата од општина Карпош.

Концертите се реализираат под покровителство на Министерството за култура и Градот Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП