18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПотпишан Меморандум за соработка на националните галерии на Македонија и Албанија

Потпишан Меморандум за соработка на националните галерии на Македонија и Албанија

nacionalna-gal

НУ Национална галерија на Македонија во среда потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија.

Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, Артан Шабани (Национална галерија на Албанија) и Дита Старова Ќерими (НУ Национална галерија на Македонија), а на свеченото потпишување присуствуваа и заменик министерот за култура на Р. Албанија Зеф Чуни, и државниот секретар на Министерството за култура на Р. Македонија, Бехиџудин Шехаби.

При посетата на Албанија директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и државниот секретар Бехиџудин Шехаби остварија средба со министерот за култура на Р. Албанија Мирела Кумбаро Фурџи .На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете земји, со особен акцент на културата и соработката помеѓу двете институции која ќе отпочне со воспоставување на реципрочна културна соработка помеѓу двете земји, базирана врз размена на идеи, искуства, знаења, програми итн.

Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и слично. Беше истакнато дека покрај продлабочувањето на билатералната и регионална соработка, интензивно и заеднички ќе се соработува и на заедничката меѓународна афирмација во значајни метрополи и културни институции од висок ранг во Европа и Америка.

На средбата биле договорени размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста, едукацијата и соработка на други полиња на интерес. Наскоро ќе бидат соопштени и конкретни проекти со кои се планира да се отпочне реципрочната соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП