1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАпликација утврди „глобална несоница“

Апликација утврди „глобална несоница“

hitportal-nesonica

Во светот владее „глобалната криза на сонот“, и покрај биолошкиот часовник предоцна се заминува во кревет и премалку се спие, утврдија научниците од универзитетот во Мичиген, анализирајќи ги добиените податоци.

Податоците се собрани со помош на апликацијата која во 2014 година ја осмисли екипа истражувачи од Универзитетот Мичиген за да им се помогне на луѓето да се справат со заморот. Меѓутоа, корисниците можеле да ја изберат и можноста да ги поделат податоците за своите навики за спиењето.

Така е утврдено дека најмалку сон си дозволуваат мажите во средни години. Жените генерално спијат околу триесет минути повеќе од мажите, особено оние на возраст меѓу 30 и 60 години.

Модерното општество ги тера луѓето да останат будни што подолго, мора да стануваат порано, а така се жртвува сонот, заклучуваат научниците.

„Нашите телесни часовници се програмирани да правиме некои работи, ние тоа не го правиме бидејќи на нас влијаат социјалните елементи. Нема да ги дознаеме долгорочните последици од тоа уште многу години“, коментираше за BBC Ејкилеш Реди од Универзитетот Кембриџ.

Холанѓаните во просек спијат 8 часа и 12 минути, речиси еден час подолго отколку жителите на Сингапур и Јапонија, кои спијат во просек по 7 часа и 24 минути. Во Велика Британија се спие просечно малку помалку од осум часови, за малку покусо отколку во Франција.

На времето минато во спиење најмногу влијае периодот во кој се легнува, а утврдено е и силно влијание на возраста врз времето минато во спиење. Така, младите имаат многу различни времиња кога одат на спиење и на будењето, додека кај повозрасните лица тие времиња сé повеќе се приближуваат.

Едно од поважните сознанија од ова истражување е тоа што покажало дека кај работниците кои работат во смени, и особено ноќе, се јавуваат многубројни здравствени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП