5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРетроспективна изложба на Вељо Ташовски во македонскиот КИЦ во Софија

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во македонскиот КИЦ во Софија

ротр

Ретроспективна изложба од 20 дела од Вељо Ташовски, беше отворена во петок вечер во македонскиот Културно-информативен Центар во Софија.

Изложбата е реализирана во соработка со Националната галерија на Македонија и истата минатата година беше поставена во Даут Пашин Амам во Скопје, во Битола, Велес и Штип.

На вечерашново отворање пред присутните гости и семејството на сликарот Ташовски, се обратија директорот на македонскиот Центар во Софија, Васко Шутаров, кустосот на изложбата Маја Неделковска-Брзанова и Конча Пиркоска, ликовен критичар.

Вељо Ташовски е роден во 1949 год. во с.Осој, Р.Македонија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1975 година во класата на проф.Габриел Ступица, а на истата Академија и магистрира во 1979 год.

Од 1984 година се вклучува активно во ликовниот живот во Македонија, а реализирал и неколку студиски престои во бројни европски земји и САД. Во 1987 година, се вработува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во периодот од 2002-2006 година бил декан на истиот факултет.

Реализирал бројни самостојни и групни изложби, добитник на бројни државни награди во Р.Македонија, Словенија, Хрватска, Србија.

Изложбата на Вељо Ташовски во Софија е финансиски поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП