21 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАРоманот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Бугарија

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Бугарија

goce-smil

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве се појави во Бугарија,  во издание на „Колибри“ од Софија.

Делото на Смилевски е објавено во рамките на едицијата „Современа европска проза“, во превод на бугарски јазик на Божидар Манов, професор на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) во Софија.

Претставувајќи го романот, бугарски „Факти“ пишува: „За Гоце Смилевски се вели дека е наследник на Гинтер Грас и Жозе Сарамаго, бидејќи е суверен стилист, страстен раскажувач и застапник на универзалните вредности. Романите „Разговор со Спиноза“, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, а сега и „Враќањето на зборовите“ се сведоштво за неговата вдахновена ерудиција и не случајно се крунисани со меѓународна популарност.“

Издавачот на „Враќањето на зборовите“, софиски „Колибри“, ги објави и предходните романи на Смилевски „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“, исто така во превод на бугарски јазик на Божидар Манов.

Минатата недела, во издание на „Одеон“ од Прага романот „Враќањето на зборовите“ се појави на чешки јазик, во превод на Дагмар и Иван Доровски.

Романите на Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП