20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏејмс Камерон најавува четири продолженија на Аватар

Џејмс Камерон најавува четири продолженија на Аватар

avatar 355

Канадскиот филмски режисер и продуцент Џејмс Камерон најави дека неговиот филмски хит „Аватар“ ќе добие четири продолженија, а не три како што претходно беше најавено, пишува магазинот Rolling Stone.

„Одлучивме да тргнеме во навистина огромен филмски процес“, изјавил Џемјс Камерон гостувајќи на филмската конференција „CinemaCon“. Како причина за уште едно дополнително продолжение го навел своето претчувство дека трите филма нема да бидат доволни за довршување на приказната.

Камерон, исто така, тврди дека секое поединечно продолжение може да функционира и како засебен филм, но и дека истовремено се меѓусебно поврзани и фунцкионираат како сака. Премиерата на „Аватар 2“ е планирана околу Божик 2018 година, а следните три продолженија за 2020, 2022 и 2023 година.

„Последните неколку години работев со екипата од четворица најдобри сценаристи за да го создадат натамошниот свет на Аватар, ликовите, суштествата, околината и новите култури“, рекол Камерон, оценувајќи дека нештата кои се развиени во однос на уметничката форма веќе далеку се одминати од првиот филм. „Тоа ќе биде вистинска епска сага“, тврди режисерот.

Аватар претходно го држеше рекордот со најголеми приходи во историјата на САД, заработувајќи во текот на целото прикажување 760,5 милиони долари, но седмиот дел од галактичката епопеја „Ѕвездени војни – Силата се буди“ му го одзема рекордот заработувајќи за само три седмици од прикажувањето 758, 2 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП