Економскиот раст во Кина забави до 6,7% во првиот квартал на годината во однос на истиот период од минатата година, објави „BBC“, повикувајќи се на податоците на властите во Пекинг.
Тоа е најмал раст на квартал во Кина во последниве седум години, но ги исполнува очекувањата и е во рамките на целното ниво утврдено од страна на владата.
Во последниот квартал на 2015-та година економијата во Кина се прошири со 6,8%, а податоците од денес го потврдуваат трендот за забавување.
Постојат одделни сфери, сепак, каде се забележува забрзување. Инвестициите во индустриски средства и инфраструктура предвидуваа изненадувачки скок од 10,7 отсто во првите три месеци од годинава во однос на истиот период во 2015-та година.
Корисниците изгледа исто трошат стабилно, бидејќи продажбата на мало забележа скок со 10,5 отсто во март.
Овие резултати се вклопуваат добро со напорите на Пекинг да ја трансформира економијата од модел, зависен од извозот кон таков кој е придвижуван првенствено од потрошувачката и принципите на слободниот пазар.
Кина го доби прекарот „фабриката на светот“, откако со децении производната активност беше главниот двигател на брзиот економски раст. Индустриската активност драстично се забави, бидејќи странските компании се насочија кон поевтините капацитети во Југоисточна Азија.
Минатата година беше забележан најмал раст на кинеската економија во последниве 25 години, а пак БДП се зголеми за 6,9% во позадина на 7,3% во 2014-та година.
Целна вредност за раст во оваа година е меѓу 6,5 и 7%.
„ВВС“ коментира дека има неколку сомневања за тоа колку се точни кинеските макроекономски податоци. Се претпоставува дека некои провинции и компании ги преувеличуваат податоците во статистиката, за да изгледаат подобро во позадина на останатите. Постои сепак и обратно појава, при што намерно се намалуваат податоците, за да привлечат повеќе владина поддршка.