25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоезија oд Јовица Тасевски-Етернијан oбјавена во Велика Британија

Поезија oд Јовица Тасевски-Етернијан oбјавена во Велика Британија

jovica 335

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан, во оригинал на македонски и препеана на англиски јазик, е објавена во новиот број на британското книжевно списание „Калина Ривју“.

Песните на Етернијан ги избра, ги препеа на англиски и белешката за авторот ја состави познатата американска поетеса Џудит Скилман.

Во воведот на списанието уредниците истакнуваат: „Јовица Тасевски-Етернијан, вешто преведен од страна на Џудит Скилман, е македонски автор со природна моќ. Неговото дело има митски квалитети на свет текст и може да ве поттикне да помислите на некои поети од Источна Европа како Васко Попа или Мирослав Холуб“. Во белешката за поетот, пак, се нагласува дека „песните на Јовица Тасевски-Етернијан се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења; тие извираат од моќна поетска имагинација“.

Уредници на списанието „Калина Ривју“ се реномираниот британски преведувач и поет со украинско потекло, Стив Комарницкиј, добитник на награда за препев од Англискиот ПЕН-центар и преведувачката Сузи Спејт.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП