2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои се земјите со најголем буџет за одбрана во...

График на денот: Кои се земјите со најголем буџет за одбрана во 2015-та година?

vojnik 3002

Глобалните трошоци за одбрана почнаа да се зголемуваат во реални услови за прв пат откако САД започна со повлекувањето на воените сили од војните во Ирак и Авганистан, тврди „Stockholm International Peace Research Institute“ (SIPRI), цитиран од „Bloomberg“.

Буџетите за одбрана се зголемија за 1% до 1,68 илјади милијарди долари во 2015-та година, што претставува околу 2,3% од светскиот бруто домашен производ, вели „SIPRI“ во извештајот. Иако САД има највисоки воени трошоци – 596 милијарди долари, тие сепак се за 2,4% помалку во однос на 2014-та година. Буџетот на Кина пак е зголемен за 7,4% до 215 милијарди долари.

Стравувањата за можни дејствија од Русија против територија на НАТО по инвазијата во Крим и активноста во источна Украина доведе до раст на трошоците во Источна Европа како целина. Во исто време амбициите на Кина во Јужното Кинеско Море ги натерало земјите од Јужна Азија да го зајакнат купувањето на оружје.

ar oruzje2

Буџетите за одбрана се под притисок од финансиската криза, па наваму. Некои од земјите кои обично трошат најмногу за војска, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, ги намалуваат буџетите поради штедење. По терористичките напади во Париз во ноември и проширувањето на кампањите против ИСИС овие земји планираат „слаби зголемувања“ во 2016-та година, вели авторот на извештајот Сем Перло-Фримен.

Русија, каде се намалуваат приходите од нафта кои натежнуваат врз економијата, опаднала до четвртото место во светската листа на трошоци за одбрана, а Саудиска Арабија веќе го зазема третото место. Можно беше блискоисточното Кралство, кое исто поднесува удари од пониските цени на нафтата, исто така да ги намали трошоците, ако не беше воената кампања за 5,3 милијарди долари во Јемен.

ar oruzje1

Буџетот за одбрана на Русија ќе се намали малку во номинални услови и со 8% реално, вели Перло-Фримен, додека Саудиска Арабија планира „големо намалување“, иако постојат значителни буџетски резерви.

Индија, која оваа година беше осудувана од договарачи како „BAE Systems“, „Boeing“, „Lockheed Martin“ и „Saab“, го имала шестиот најголем буџет за одбрана во 2015-та година, а Велика Британија е на петтата позиција. Аналитичарите од „IHS Jane“ предвидуваат дека земјата ќе излезе на 4-то место во 2017-та година со зголемување на трошоците со 13,1% до вкупно 50,7 милијарди долари.

ar oruzje

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП