13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на цртежи и слики „Живот во бои“ на Мациев во Кавадарци

Изложба на цртежи и слики „Живот во бои“ на Мациев во Кавадарци

ivan-maznov

Во понеделник, со почеток од 20 часот во Домот на култура ,,Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на цртежи и слики „Живот во бои“ на Андријана Мациев

Андријана Мациев, родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои 2007 „Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”, 2008 Прва награда од Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, 2009 Награда на Универзитетската библиотека св.Климент Охридски од Скопје, 2010 Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres, 2011 год под насловот „Слика, музика, поезија” има перформанси во МКЦ и клубот Парадизо.

Учествува на групни изложби во Скопје, белгад, Варна, Истанбул, Прилеп, Македонски Брод, Тузла, Шамелиер, Тетово, Куманово, Штип и други.

Учествува на многу работилници графички,изработка на рачна хартија,сликање со вино.

Учесник на многу манифестации, настани каде се негува и почитува уметноста.

ИМа повеќе самостојни изложби и тоа во Скопје, Белград и Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП