17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга на Киро Донев – „Училишен театар“

Нова книга на Киро Донев – „Училишен театар“

368742-uchilishen-teatar-kniga-za-deca-od-kiro-donev

Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, деновиве објави уште една книга за деца на Киро Донев – „Училишен театар“, илустрирана со оригинални цртежи на Миле Топуз.

Книгата содржи близу четириесет пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата… Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на луѓето, но и за рамнотежата во природата.

Книжевните вредности на Киро Донев се високо потврдени во македонската литература, но и во странство со преводот на негови дела во други јазични средини, а ова негово дело претставува несекојдневен прилог и дополна на квалитетната македонската литература за деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП