9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШирум светот се одбележува 400 годишнината од смртта на Вилијам Шекспир

Ширум светот се одбележува 400 годишнината од смртта на Вилијам Шекспир

shekspir

Славниот драматург Вилијам Шекспир почина пред 400 години во Стратфорд на Авон, градот во кој се роди и кој со своето дело го запиша во аналите на светската културна историја.

Годишнината од смртта на најпознатиот и најизведуваниот светски драмски писател со целогодишни културни настани се одбележува во Велика Британија, но и ширум светот.

Книжевник, театарски актер и режисер, Вилијам Шекспир е сметан за најголемиот писател на англиски јазик, напишал вкупно 38 драми, 154 сонети, две други наративни поеми, како и повеќе стихови. Драмите му се преведени на речиси секој жив јазик во светот и изведувани повеќе од било кој друг драматург.

Роден е 1564 година во Стратфорд на Авон во семејство на угледен и богат трговец Џон Шекспир и Мери Арден. Во периодот меѓу 1585 и 1592 година заминал во Лондон, каде што ја започнал успешната кариера како актер, драмски писател и кососптвеник на театарската трупа Лорд Чемберленс мен, подоцна позната како Кингс Мен.

Во Стратфорд, според некои податоци, се вратил околу 1613 година на возраст од 49 години, каде што три години подоцна, на 23 април 1616 година и починал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП