26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВан Гог запленет од болшевиците останува во САД

Ван Гог запленет од болшевиците останува во САД

vanos-gog

Платно на славниот холандски мајстор Винсент ван Гог ќе остане во САД, одлучи тамошниот Врховен суд одбивајќи ја жалбата на потомокот на рускиот колекционер кој бараше да му се врати, бидејќи било запленето од болшевиците. 

Со тоа, најверојатно, се загубени сите надежи на Пјер Коновалофф, француски државјанин, дела ќе му биде вратено назад делото „Ноќна кафеана“кој Винсинетван Гог ја насликал во септември 1888 година во Арл.

Платното се проценува на најмалку 200 милиони американски долари. Изложено е во уметничката галерија на американскиот универзитетот Јејл.

Делото било во сопственост на Русинот Иван Морозов, љубител на уметноста со префинет вкус кој на честите патувања во француската престолнина Париз собрал голема збирка од дела на најголемите сликари од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Сликите коишто ги поседувал Морозов биле запленети во текот на Октомвриската болшевичка револуција. Збирките се национализирани и подоцна минале во сопственост на државата која подоцна ќе биде наречена Советски сојуз.

Советските власти во 1933 година ја продале сликата на ван Гог на Берлинската галерија, од каде и дошла во галерија во Њујорк, па во збирката на американскиот магнат и мецена Стивен Кларк, внукот на еден од основачите на индустриското царство на машини за шиење „Singer“.

По смртта на Кларк, кој и самиот бил студент на реномираната образовна институција, универзитетот Јејл во сојузната држава Конектикат во 1961 година станало сопственик на сликата. Од тогаш таа станува дел на уметничката галерија на овој универзитет.

Коновалофф, правнук на Морозов, од почетокот на 2008 година води правна битка за враќање на платното, сметајќи дека тој е законски наследник. Американското правосудство, сепак, го одби и на првостепениот и на апелациониот суд.

Импресионистичкото масло на платно „Ноќна кафеана“, на помалку груб и тмурен начин ја прикажува атмосферата во кафеана среде ноќ, со билјард, вкочанет келнер и ретки гости кои ги мачи осаменоста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП