13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен романот „Темно, речиси ноќ“ на полската писателка Јоана Батор

Објавен романот „Темно, речиси ноќ“ на полската писателка Јоана Батор

temno

Романот „Темно, речиси ноќ“ на полската писателка Јоана Батор, кој во 2013 година е награден со најпрестижната книжевна награда во Полска – НИКЕ, неодамна излезе од печат во издание на „Македоника литера“ од Скопје.

Како и во претходниот роман на Батор „Песочна Пла¬нина“ и овде авторката раскажува за својот роден град Валбжих, а неизбежен поврзувачки елемент меѓу судби¬на¬та на главните ликови и овој град е замокот Ксјонж (кој реално постои) и последната дама во овој замок, принцезата Дејзи. Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за три исчезнати деца. Краткото враќање дома во неа ќе ги разбуди старите убави, но и болни сеќавања од своето минато. Во овој град Алиција ќе тргне во потрага по исчезнатите деца, но и во потрага по самата себеси. Ќе ги открие тајните за нејзиното семејство, за својата мајка Ана и за сестра ѝ Ева. Романот е полн со шаренолика јазична стилистика која ни ги доловува атмосферата на Валбжих и карактерот на неговите жители преплетени со историски елементи поврзани со овој град.

„Темно, речиси ноќ“ е роман исполнет со мрачни делови, но исполнет и со магија – во  него се појавуваат два сосема спротивни магични ентитета, мачкарките како чувари од злото и мачкојадите како уништувачи на доброто. Овој роман е роман за злото, но и за доброто, за темнината и светлината, за постојаната борба меѓу нив.

Јоана Батор (1968) е писателка, новинарка и фељ¬тонистка. Во Варшава завршила културолошки студии и филозофија, а докторирала на тема за феминизмот, постмодернизмот и психоанализата. Предавала филозофија на неколку универ¬зи¬тети (Варшава, Њујорк, Лондон, Токио). Автор е на не¬кол¬ку научни публикации, а од 2009 година поинтензивно ѝ се посветува на литературата. Живее во Варшава. Други позна-чај¬ни дела на Јоана Батор се: „Песочна Планина“, „Јапонско ладало“,и „Ајкулата од паркот Јојоги“. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици.

И „Темно, речиси ноќ“ е пре¬ве¬ден на неколку јазици, а ова е второ дело на авторката објавено на македонски јазик – по романот „Песочна Планина“, и двете во превод на Анета Сапета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП