19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Карневалски слики 2015“ во Струмица

Изложба „Карневалски слики 2015“ во Струмица

karni strum 33

Во четврток, со почеток во 19 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица, здружението „Евро – визија“ ќе ја отвори осмата по ред групна изложба на фотографии, која официјално се случува секоја година за време на карневалските денови во Струмица.

По претходно објавен конкурс на кој се пријавија 30-тина фотографи, со повеќе од 200 фотографии – дел од истите ќе бидат застапени со нивните фотографии направени за време на минатогодишното издание на Струмичкиот карневал. Најуспешните ќе бидат наградени.

Отворена покана до сите љубители на убавата, егзотична, еуфорична фотографија да ја проследат осмата по ред изложба на фотографии и со тоа да се започне прославата и да се даде позитивна енергија на познатите Струмичките карневалски денови!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП