2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМилионски проект за обновување на споменикот на Линколн во Вашингтон

Милионски проект за обновување на споменикот на Линколн во Вашингтон

линколн

Споменикот на шеснаесеттиот американски претседател Абрахам Линколн и првиот врз кој е извршен атентат, една од најпопуларните вашингтонски туристички атракции, ќе биде обновен а целиот проект ќе чини 18,5 милиони долари и ќе го финансира милијардерот Дејвид Рубинстејн.

На зградата од бел мермер стара 94 години изградена во стил на храм од античка Грција во која е во седечка позиција шестметарската статуа на еден од најважните американски претседатели, ѝ е неопходно реновирање, соопшти американската Управа за национални паркови која ја прифатила донацијата.

Во рамките на обновувањето ќе бидат заменети оштетените делови од мермерот, ќе бидат светнати каменот и заштитените мурали.

Абрахам Линколн бил американски претседател во периодот од 1861 до 1865 година, прв од Републиканската партија, во текот на граѓанската војна, и е убиен во театар американската престолнина пред крајот на војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП