17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските девизни резерви на најниско ниво од крајот на 2011-та

Кинеските девизни резерви на најниско ниво од крајот на 2011-та

juan 443

Кинеските девизни резерви во февруари се намалиле за 28,57 милијарди американски долари, забележувајќи пад четврти месец по ред, но значително побавно отколку во јануари, што сугерира дека кинеската централна банка ги ублажува интервенциите преземени со цел да се зајакне националната валута јуанот во контекстот на послабиот одлив на капитал од земјата.

Кинеските девизни резерви се намалени четврти месец по ред, бидејќи централната банка ги продава доларите, за да ги намали притисоците врз курсот на јуанот и да го спречи засилениот одлив на капитал од земјата. Кон крајот на февруари, така, изнесувале 3.200 милијарди долари, што е нивното најниско ниво од декември 2011 година, покажа извештајот на кинеската централна банка објавен во понеделникот.

Истовремено, кинеските резерви на злато се зголемени на 71,01 милијарда долари, наспроти 63,57 милијарди долари кон крајот на јануари, според истите извори.

Кинеските девизни резерви и натаму се најголемите на светот, но се смалуваат со темпо коешто, според оцените на аналитичарите, со таков интензитет би можело наскоро на Пекинг да ми овозможи остар пад на вредноста на јуанот односно повлекување во либерализацијата, и да ја заостри контролата на тековите на капиталот.

Во јануари девизните резерви се намалија за 99,5 милијарди долари, по 107,9 милијарди долари во ланскиот декември, што беше нивниот најголем месечен пад откако се води ваквата статистика. Во текот на 2015 година во целост се намалени за 513 милијарди долари, што е најмногу во историјата.

„Тоа покажува дека одливот донекаде забавил, меѓутоа има многу фактори“, вели за Reuters главниот економист во банката „Nomura“, задолжен за Кина, Јанг Жао, коментирајќи ги кинеските податоци за февруари.

Во февруари јуанот се стабилизирал, по големите осцилации во јануари и претходно во декември, за што делумно придонесе и слабеењето на американскиот долар во контекстот на намалените очекувања во поглед на растот на каматните стапки во САД, додава Жао.

На тоа, според него, можеби влијаеле и долгите кинески новогодишни празници, кога многу компании на подолг период не работат, по деловната активност забавува.

„Централната банка и другите водечки функционери повторно ја искажаа желбата за стабилизација и порачуваа дека основа за поизразена депрецијација на јуанот. Подеднакво е важно и тоа што пазарите брзо ги намалија очекувањата од брзото подигнување на каматните стапки во САД“, смета Жао.

Одливот на капиталот од Кина е зајакнат по девалвацијата на јуанот ланскиот август, кога беа изненадени пазарите, а потпалуван беше со јакнењето на загриженоста во врска со забавувањето на кинеската економија и очекувањата за растот на каматните стапки во САД. Тоа кинеската централна банка ја принуди на продажба на доларите на валутните пазари и на сузбивањето на тргувањето со валутите кои ги процени како шпекулативни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП