3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книга со кратки фолклорни жанрови

Промоција на книга со кратки фолклорни жанрови

библи

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје промовира книга кратки фолклорни жанрови од македонското народно творештво „Убавиот збор и железна врата отвора“ од Елизабета Петровска.

Книгата е проект кој го идентификува човекот, просторот и времето и таа преставува предизвик за запознавање на традицијата и за усното пренесување на народната мудрост и искуства низ вековите. Оваа карактеристика е од посебно значење за осознавање на македонската народната традиција кај иселениците. Ова исклучително важно издание за нашата дијаспора е печатено билингвално, на хрватски и македонски јазик, а е издание на Заедница на Македонците во Република Хрватска.

Промоцијата ќе се одржи во четврток, во Спомен – собата на Миладиновци, со почеток во 18 часот. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Васил Тоциновски.

Елизабета Петровска е поет и новинар. Родена во Скопје а од 1987 година живее во Загреб. Работи како секретар во Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Автор е на три поетски книги и добитник е на наградите „Стојан Христов“ и „Иселеничка грамота“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП